Утрински Весник
Спорт

Македонија против Чешка на ЕП – Победникот ќе го освои третото место во Ц-групата

Македонија против Чешка на ЕП – Победникот ќе го освои третото место во Ц-групата

Одбојкарската репрезентација на Македонија, вечерва ќе го одигра последниот натпревар во Ц-групата на Европското првенство. Македонија веќе обезбеди пласман во осминафиналето, а вчерва прптив Чешка ќе се бори за третото место во групата и за малку полесен ривал во нокаут рундата.

dobivaj vesti na viber

Досегашниот тек на Европското првенство, за македнските одбојкари оди според планот. Забележани се две победи, против Данска и Црна Гора и два (очекувани) порази против Полска (фаворит за златниот медал) и Холандија.

Доколку Македонија вечерва ја победи Чешка ќе го освои третото место во групата и во осминафиналето ќе игра против Србија, доколку загуби противник во нокау фазата ќе биде Италија.

Натпреварот Македонија-Чешка, во арената „Борис Трајковски“, вечерва ќе започне во 20 часот.

Фото/ Игор Паневски

Можете да прочитате

И второто злато на ОИ 2024 за Кина

Ѓуретановиќ не го исплива неговото најдобро време на Олимпијадата во Париз

Кинеската стрелачка репрезентација го освои првиот златен медал на Олимпијадата 2024