Утрински Весник
Македонија

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА АНТИЦИКЛОН: До крајот на неделава особено студено наутро, по котлините магливо!

Meteoalarm.mk 8.jpg

Метео анализа на Славчо Попоски:

Територијата на Македонија се до крајот на оваа недела ќе биде под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон) кој постојано ќе условува стабилно, суво и сончево време, со мала до умерена локална облачност. Ќе биде претежно тивко, или ќе дува слаб променлив ветер.

Влажноста во воздухот ќе биде зголемена, а со оглед на тоа дека сме под влијание на Антициклон, по котлините ќе има појава на магла или на ниска облачност, особено во утринските  и во претпладневните часови, која во текот на денот краткотрајно ќе ослабне, за во ноќните часови повторно да се создаде.

И во Скопската котлина ќе има услови за појава на магла или на ниска облачност, додека во повисоките предели од котлината ќе биде сончево, повремено со мала до умерена локална облачност, а ќе биде претежно тивко, или ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Што се однесува до температурите, тие наутро ќе бидат особено ниски и во поголем дел од Македонија ќе бидат под нулата и ќе се спуштаат во интервалот од -5 до 3 степени, додека особено во Беровскиот регион таа повремено ќе се спушта и под -5 степени, додека максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 19 степени, само во југоисточните предели температурата повремено ќе се искачува до 20 степени.

Во Скопје наутро температурата ќе се спушта во интервалот помеѓу -1  и  2 степени, додека максималната температура ќе се искачува во интервалот помеѓу 16  и 18 степени.

Можете да прочитате

Марковиќ: Случувањата во Бугарија ќе бидат поклучни за Македонија од промените во Унгарија

Промоција на „Женскиот идентитет и женскоста низ поетската призма“ од Рената Пенчова

МВР има залихи од обрасци за возачки дозволи за наредните три години – не е точно дека има недостаток!