Утрински Весник
Македонија

Македонија на 38 место од 180 држави според извештајот за слободата на медиумите во светот

Посебен сообраќаен режим во Скопје поради протест на новинарите
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Македонија е на 38 место според слободата на медиумите, според новиот извештај на организацијата Репортери без граници.

dobivaj vesti na viber

Во извештајот опфатени се 180 држави од светот, а Македонија забележува скок од 19 места во однос на лани.

Шефот на канцеларијата на Репортери без граници за ЕУ/Балкан, Павол Салај оцени дека иако е забележан напредок, новинарите во Македонија и натаму се соочуваат со нетранспарентно и нестабилно финансирање, конфликт на интереси, политички притисоци, кампањи за оцрнување и со малтретирање на социјалните мрежи.

Во споредба со земјите од регионот, Македонија е подобро позиционирана во регионот на Западен Балкан, пред Црна Гора (39), Хрватска (42), Косово (56), Босна и Херцеговина (64) и Србија (91) и Албанија (96).

Првите три позиции на листата ги заземаат, Норвешка, Ирска и Данска, а на дното се Северна Кореја, Кина и Виетнам.

Целиот извештај во прилог.

Можете да прочитате

Кривична пријава за изборен поткуп за екс градоначалникот на Крушево

Тешко повреден рудар од Пробиштип

СДСМ: Измените на Законот за странци нов доказ за вистината