Утрински Весник
Спорт

Македонија и Португалија одиграа нерешено

Navivaci.jpg

Ракометната репрезентација на Македонија одигра извонреден натпревар против Португалија и успеа да освои вреден бод, ремизирајќи 29:29 со еден од фаворитите на Европското првенство кое се одржува во Данска, Норвешка и Шведска. По поразот од домаќинот Данска, овој резултат ѝ ја враќа надежта на македонската селекција за пласман во следната фаза. Во последното коло од групата, нашите ракометари ќе се соочат со селекцијата на Романија. Иако шансите за пласман постојат, конечниот исход ќе зависи и од другите резултати, па ќе бидат потребни дополнителни пресметки по завршувањето на колото.

Најрасположен во македонскиот состав беше капитенот Филип Кузмановски, кој одигра еден од најдобрите натпревари во националниот дрес и постигна импресивни 15 голови. Натпреварот против Романија, последен од првата фаза, Македонија ќе го игра во вторник во истиот термин, каде што ќе влезе како фаворит.

Можете да прочитате

Пораз на македонските фудбалерки на стартот на мундијалските квалификации

У17: Втора победа на македонските фудбалерки во евроквалификациите

Каратистите на Макпетрол освоија четири медали на балканијадата во Бања Лука