Македонската младинска кошаркарска репрезентација се пласираше во полуфиналето на Евробаскетот до 20 години, Б-дивизија, откако во Скопје со 66:49 (17:11, 15:10, 13:15, 21:13) ја совладаа Велика Британија во уште една одлична партија.
Во полуфиналето, тимот на селекторот Никола Василев ќе се сретне со победникот од мечот помеѓу Украина и Холандија, кои својот меч го играат во 21 часот.
Македонија почна посилно и направи предност од 17:11 по првата четвртина, а оваа предност се зголемуваше за на полувреме да имаат 11 поени предност (32:21), доминирајќи во одбраната. По слабата трета четвртина, во која Британците се заканија со камбек, момците одиграа уште еден одличен финиш за голема победа.
Андреј Митревски со 17 поени и Тео Симиќ со 13 беа лидери на репрезентацијата, додека за Британците, Џејмс Оконкво заврши со 16 поени.
Фото: ФИБА Европа