Утрински Весник
Македонија

Македонец загина во трагичен судир кај Равена: Заедницата во шок по загубата на Макс

Soobrakjajna Nesrekja Ilustracija.png

Тешка сообраќајна несреќа се случила на периферијата на Равена, во близина на каменолом, каде при судир на два камиона загина 60-годишен маж, а едно лице е повредено. Загинатиот е државјанин на Македонија кој живеел во Луго повеќе од две децении, пренесува Скопје инфо.

Според првичните информации, несреќата се случила кога два камиона кои се движеле во спротивни насоки — едниот влегувал, а другиот излегувал од каменоломот — се судриле со силен удар. Италијанските медиуми објавија дека жртвата е Ислами Месут, во заедницата познат како Макс.


Администрацијата на општина Луго изрази длабоко сочувство до неговото семејство – сопругата, двете деца и внуците.

„Добро познат во нашата заедница. Го викавме Макс. Дошол во Италија пред 20 години да работи и секогаш го правеше тоа чесно и посветено“, напиша градоначалничката Елена Занони на социјалните мрежи.

Од Советот на Волтана додаваат дека семејството на Месут е пример за успешна интеграција и трудољубивост.

„Макс и неговата сопруга се почитувани низ цела Волтана. Нивната работа овозможи нивните деца да дипломираат и да купат куќа. Среќни сме што ги имавме за соседи и пријатели“, изјави претседателката Валерија Монти.

Заедницата во Волтана е потресена од ненадејната загуба на човек кој, како што велат, зад себе оставил чесност, пријателство и пример за достоинствен живот во туѓа земја.

Можете да прочитате

Тренчевска: Во 2018 година Мицкоски бараше техничката влада да остане до членство на ЕУ 

СИСТЕМОТ ГИ ДОТЕПУВА ЖРТВИТЕ: Над 600 деца сексуално злоупотребени, државата потфрли во нивната заштита

КРАЈ ЗА ГРЕШКИТЕ СО КАЗНИТЕ ОД „БЕЗБЕДЕН ГРАД“: МВР воведува задолжителна верификација на телефон и меил