Утрински Весник
Македонија

Магливо време со температура од -4 до +17 степени

Магливо време со температура од -4 до +17 степени

Во поголем дел од земјава сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини и вдолж Повардарието ќе има појава на магла или ниска облачност, кои попладне делумно ќе се намалат.

dobivaj vesti na viber

Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 9 до 17, а во местата со магла од 5 до 7 степени.

Во Скопје во поголем дел од денот со магла, која попладне краткотрајно делумно ќе се намали. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне 6 степени.

Продолжува периодот на стабилно и претежно тивко време со релативно високи дневни температури.

По котлините вклучувајќи ја и Скопската котлина и понатаму ќе има појава на магла и ниска облачност со променлив интензитет, особено во ноќните и претпладневните часови, како и пониски дневни температури.

Во вторник попладне ќе започне да дува умерен северозападен ветер, особено вдолж Повардарието, кој ќе продолжи и во среда, поради што преодно ќе се намалат условите за магла.

Можете да прочитате

Боби Христов прогласен за технолошки вишок во Телма, ССНМ застана зад новинарот

Петров: Оваа недела го доставуваме планот до СДСМ, сулудо е да се чека

Петров: Ние не сме се гледале со Мицкоски, ама Филипче интензивно се гледаше со него