Утрински Весник
Македонија

Маглата предизвикува хаос на скопскиот аеродром: 10 пренасочени и 4 откажани летови

Maglaavion.jpg

Во изминатите 24 часа, густата магла на Скопскиот аеродром предизвика значителни нарушувања во авионскиот сообраќај, со 10 пренасочени и 4 откажани летови. Летовите беа пренасочувани главно кон соседните аеродроми во Приштина и Софија, додека дел од нив се вратија на почетните дестинации.

Пренасочени летови:
1. Анталија (25.01.2025) – Пренасочен кон Приштина
2. Меминген (25.01.2025) – Пренасочен кон Приштина
3. Варшава (25.01.2025) – Вратен назад во Варшава
4. Баден Баден (25.01.2025) – Пренасочен кон Софија
5. Париз (25.01.2025) – Пренасочен кон Софија
6. Цирих (25.01.2025) – Пренасочен кон Приштина
7. Рим (25.01.2025) – Пренасочен кон Приштина
8. Малме (25.01.2025) – Пренасочен кон Приштина
9. Берлин (26.01.2025) – Пренасочен кон Софија
10. Нирнберг (26.01.2025) – Пренасочен кон Приштина


Откажани летови:
Истанбул – Откажан (25.01.2025)
Загреб – Откажан (25.01.2025)
Венеција – Откажан (26.01.2025)
Истанбул – Откажан (26.01.2025)

Препораки за патниците:
Патниците се советуваат да ја следат состојбата со летовите преку официјалните канали на Скопскиот аеродром и да останат во контакт со авиокомпаниите за најновите информации.

Поради конфигурацијата на теренот, Скопскиот аеродром е ограничен на Категорија 1 и не може да добие прекатегоризација во Категорија 2 со што би се намалиле минимумите за слетување при намалена видливост. Од Министерството за транспорт и врски велат дека ограничувањата за слетување при намалена видливост не се поради неесоодветна опрема, туку поради теренот каде што се наоѓа аеродромот во Скопје, објави СДК.мк

Можете да прочитате

Битиќи: Во ребалансот власта не дава пари за плата од 100.000 денари за пожарникарите

Ѓорѓиевски им подаде рака на угостителите: Заедно за модерен Скопје

Пенка Мукаетова именувана за нов потпретседател на Сојузот на стопански комори на Македонија