Утрински Весник
Македонија

Магла на повеќе патни правци

Magla 420369.jpg

Намалена видливост поради густа магла е забележана на планинските премини Стража и Плетвар. Видливоста е до 50 метри, како и во Крушево, каде изнесува околу 70 метри, информираат од ЈП „Македонијапат“.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, но по влажни коловози. На одредени патни правци кои минуваат низ усеци и клисури можно е појава на поситни одрони.

ЈП „Македонијапат“ апелира до возачите да управуваат внимателно, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да ја прилагодат брзината на условите на патот.

Дежурните екипи на претпријатието се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни. За подетални информации, учесниците во сообраќајот можат да се јават на дежурниот телефон 02 25 61 502. 

Можете да прочитате

Жена пешак удрена од автомобил во центарот на Скопје

Уапсени 18 возачи за безобѕирно управување возило, 16 возеле без дозвола, двајца со активна забрана

Собранието го донесе Предлог-законот за Советот на јавните обвинители