Утрински Весник
Македонија

Магла и намалена видливост до 50 метри на Буково и Пресека

Magla Avtopat 1.jpg

Магла до 50 метри има на планинските премини Буково и Пресека поради што видливоста е намалена, информира ЈП „Македонија пат“.

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по претежно влажни коловози. Сите патни правци се проодни без забрани и ограничувања за сообраќај. На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони. ЈП „Македонија пат“ апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и прилагодување на брзината кон условите на патот.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Талогот во СДС го надмина секое дно и оркестрирано шири паника за безбедноста на водата во Скопје

СДСМ: Сега Муцунски се занимава со полиција откако Тошковски беше задолжен за хиперхлорирање

51 пожар во последното деноноќие, 42 се изгаснати, активни се пет