Утрински Весник
Македонија

Мадиќ: Судскиот совет и Советот на јавните обвинители треба да се одважат и да ги покажат поединците кои го рушат угледот на судството

Мадиќ

„Секој судија носи одлука самостојно и независно. Судскиот совет и Советот на јавните обвинители се институции што треба да се одважат, бидејќи во нивни раце е палката за избор и разрешвуање на судии и обивнители“ рече заменик-министерката за правда, Викторија Мадиќ во утринската програма на „Слободен печат“.

Таа додаде дека станува збор за поединци кои го рушат угледот на судството, а советите се тие што треба да се одважат и по допрен глас и сами меѓу себе да си ги покажат поединците.

„Не може да генерализираме и да кажуваме дека судството и обвинителството се тотално корумпирани“ рече Мадиќ.

Заменик-министерката додаде дека во Министерството за правда има работна група која работи на нов Закон за судски совет и анализа за тоа дали и како функционира овој Судски совет и заедно со Извештајот на оценксата мисија на ЕУ ќе се донесат решенија

Можете да прочитате

И амбасадорот во Романија, Жерновски, повикан на консултации во МНР

На Табановце за влез во државата се чека околу еден час

Полицијата веднаш го пронајде – Виктор е најден во Кирамидница