Утрински Весник
Македонија

„Мадам Батерфлај“ од Џакомо Пучини вечер во Националната опера и балет

20250213153247 Big 730x400 8.webp.webp

На сцената на Националната опера и балет (НОБ) вечерва ќе биде изведена операта „Мадам Батерфлај“ од Џакомо Пучини. Диригент на претставата е Бисера Чадловска, а режијата на Александар Текелиев од Бугарија.

Сценографијата е дело на Живојин Трајановиќ, а костимографијата ја изработи Лира Грабул. Концерт-мајстор е Климент Тодороски, а хор-мајстори се Јасмина Ѓорѓеска и Ѓургица Дашиќ.


Како што најавија од НОБ, во насловната улога ќе настапи Сандра Митровска, Пинкертон ќе го игра Зоран Сотиров, а во улогата на Шарплес, Марјан Јованоски. Во останатите улоги ќе настапат Марика Поповиќ, Дејан Стоев, Невен Силјановски, Игор Гиновски, Соња Пендовска Мадевска, Валентина Димитриевска, Калин Бајевски, Марко Димовски, Марко Гапо, Дарко Станојловски, Борко Биџовски, Филип Мирчевски, Никола Чедомировски, Шинаси Рамадан, заедно со хорот и оркестарот на Национална опера и балет.

„Мадам Батерфлај“ е една од најемотивните и најпознатите опери во светската оперска литература. Пучини вешто ги спојува елементите на западната и источната култура, создавајќи неверојатно силни и драматични музички моменти кои допираат до срцето на секој слушател.

– „Ако не сум трогнат, ако либретото не ми го допре срцето…тогаш тоа не е за мене.“ Пучини точно знаел што бара во едно оперско либрето, а фактот што приказната за деликатната јапонска „пеперутка“ длабоко го трогнала се огледува во секоја нота од партитурата на неговата славна опера, се наведува во соопштението на НОБ.

Можете да прочитате

СДСМ: Комедија е тоа што ВМРО-ДПМНЕ нас не обвинува за скршнување од прозападниот курс

Од почетокот на месецов: Издадени 18.132 платни налози за прекршоци во сообраќајот

Мицкоски: Прво завршени преговори со ЕУ, па уставни измени