Утрински Весник
Магазин

Мачките се омилени миленици на Германците

Мачките се омилени миленици на Германците

Централното здружение на специјалисти за зоологија од Германија проценило дека омилени миленици на Германците се мачките. Минатата година германските граѓани имале околу 34,7 милиони домашни миленици, од кои околу 16,7 милиони мачки.

dobivaj vesti na viber

Здружението сè уште ги оценува податоците за оваа година, а според сегашните проценки, на прво место остануваат мачките, потоа кучињата, а потоа зајаците, хрчаците или заморчињата.

„Милениците носат радост и љубов, но во иднина треба да се посвети поголемо внимание на едукацијата на сопствениците. Се повеќе луѓе не знаат доволно за животните“, објаснува Антје Шрајбер од Здружението.

Постојан проблем останува размножувањето и мачењето на домашни миленици поради трендовите каде изгледот на животните – уши, муцка, облик на глава – е прилагоден на желбите на сопственикот. Добро познати примери се кусоглавите кучиња или мачките со свиткани уши.

Својот „сладок“ изглед го платиле со здравје, објаснуваат од Здружението.

Многу животни биле одгледани до такви крајности што трпеле постојани болки како што се отежнато дишење или проблеми со слухот.

Можете да прочитате

Викенд што долго ќе се прераскажува: Повеќе од 60 жени беа дел од настанот „dm bring your best friend” во Маврово

Почина синот на пејачот Маријан Стојаноски

Награда од 13.000 евра за победникот на натпревар во спиење во Јапонија