Утрински Весник
Свет

Мајката признала дека го фрлила бебето во бунар, има уште две деца – детали за хоророт во Хрватска

Мајката признала дека го фрлила бебето во бунар, има уште две деца – детали за хоророт во Хрватска

Дваесетгодишна жена од Хрватска е осомничена дека фрлила новороденче во бунар, и одредена и’ e мерка притвор, пренесува „Независне“.

dobivaj vesti na viber

Хрватските медиуми пишуваат дека осомничената е мајка на две многу мали деца кои сега ги чуваат нејзиниот сопруг и мајка.

Таа, наводно, најпрвин го признала делото во полиција, но во останатиот дел од постапката се брани со молчење, јавува „Хина“.

Инаку, државното обвинителство и истражниот судија од Карловац не се согласуваат за причините за притворот. Жупаниското државно обвинителство соопшти дека истражниот судија само делумно го прифатил нивниот предлог за притвор, т.е. само поради страв од влијание врз сведоците, но не и поради особено тешките околности на делото, пренесува Индекс.хр.

Истражниот судија на Карловачкиот Жупаниски суд Младен Косијер за „Хина“ го образложил својот став дека кривичната пријава е поднесена поради сомнение за сторено кривично дело тешко убиство, но дека засега не може да се знае дали ќе остане така, односно дали навистина се работи за тешко убиство или некоја друга квалификација.

Допрва треба да следат медицински и психијатриски вештачења, потсети Косиер, посочувајќи дека вештаците се тие кои треба да утврдат дали овој случај е можеби постпородилна депресија, а вели и дека засега не ги нашол елементите за ставката „особено тешки околности на кривичното дело“ “.

Сопругот, мајката и другите сведоци треба да се сослушаат без осомничената да влијае на нив, но има уште многу да се утврди, а вештачењата често траат долго, рече судијата.

Телото на новороденчето беше пронајдено во селскиот бунар.

Можете да прочитате

Силна експлозија во фабрика во Шпанија – има загинати и повредени

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници