Утрински Весник
Свет

Мајката на бебето пронајдено во замрзнувач во Србија: Никој не знаеше дека сум бремена

Мајката на бебето пронајдено во замрзнувач во Србија: Никој не знаеше дека сум бремена

Лидија М., 47-годишната жена од Србија чиешто бебе беше пронајдено мртво во замрзнувач во Земун, била сослушана во полиција.

dobivaj vesti na viber

Бебето беше пронајдено во куќата во која живеат Лидија, нејзиниот сопруг Зоран (62) и нивните четири деца. Таа признала дека новороденчето е нејзино, а на полицијата и’ рекла декa било родено мртво.

„Лидија призна дека бебето е нејзино, но рече дека го родила мртво. Сепак, тоа се уште не го знаеме додека не се направи обдукцијата. Таа исто така рече дека го сокрила телото бидејќи никој од нејзиното семејство не знаел дека е бремена. Не знаела што да прави, па го ставила мртвото бебе во замрзнувач. Набргу по породувањето Лидија си заминала и го оставила семејството“, вели во изјава за „Телеграф“ соговорник близок до истрагата.

Телото на бебето минатата недела го пронашол нејзиниот сопруг Зоран во замрзнувачот кога, како што рече, сакал да го исчисти. Зоран раскажа дека тој и неговата сопруга имале несогласувања и дека таа се гледала со други мажи.

„Сопругата што замина и јас имавме несогласувања, имаме четири деца… Сопругата не живее тука од мај, а јас живеам од кога е изградена куќата, 60 и нешто години“, раскажува мажот.

„Видов торба. Прво помислив дека е леб. Кога ја отворив, видов бебе. Почнав да се движам во шок. Веднаш ги повикав син ми и полицијата. Не знаев дека имало такво нешто во замрзнувачот, јас се’ уште сум потресен. Не знам што да мислам за сето ова“, заклучи тој.

Можете да прочитате

Во италијанско пристаниште запленети 250 килограми кокаин од Еквадор

Aстразенека горда на својот придонес за ставање крај на пандемијата: Само во првата година спасени над 6,5 милиони животи

Протест за Газа пред универзитетот во Амстердам, студентите поставуваат блокади