Утрински Весник
Свет

Мајка си ги задавила синовите и си пресудила, полицијата затекнала грозоморна глетка – хорор во Лондон

Мајка си ги задавила синовите и си пресудила, полицијата затекнала грозоморна глетка – хорор во Лондон

Стравично злосторство се случи во јужен Лондон кога мајка си ги убила двата малолетни сина, а потоа се самоубила.

dobivaj vesti na viber

Се претпоставува дека шефицата на една компанија за недвижности Надја Де Јагер (47) ги задавила или ги задушила своите синови Александар (9) и Максимус (7), а потоа се самоубила.

Нивните тела беа откриени во нивниот дом во јужен Лондон во четвртокот наутро, откако полицијата одговорила на повик. Нејзините синови биле прогласени за мртви на лице место, пишува Сан.

Детективите велат дека не бараат никој друг како осомничен во врска со страшното злосторство.

Не било употребено оружје, а ќе биде извршена обдукција за да се утврдат точните причини за смртта на децата.

Надлежниот инспектор Оли Страјд изјави за медиумите дека ова е страшно тажен случај и дека полицијата продолжува да ги утврдува околностите што довеле до овој трагичен инцидент.

Соседите велат дека Надја пред извесно време се развела од таткото на децата, Херман Де Јагер.

Можете да прочитате

Фицо: Нема да одиме во војна поради некаков Член 5

Во Амазонија пронајден човек кој живее сам во изолација веќе 38 години

Во Русија започнаа парламентарните избори, ќе траат три дена