Утрински Весник
Македонија

Maкедонските граѓани од 14 мај ќе влегуваат во Грција со ПЦР-тест или со потврда за вакцинација

Maкедонските граѓани од 14 мај ќе влегуваат во Грција со ПЦР-тест или со потврда за вакцинација

На 14 мај Грција ќе ја отвори границата за влез на Македонски државјани, извести денес министерот за здравство Венко Филипче.

Утрово имал разговор со грчкиот министер за туризам, Харис Теохарис, со којшто ги договарале деталите за отворање на границата.

„Ме извести дека двата гранични премина, Евзони и Дојран, ќе бидат отворени на 14 мај за македонските граѓани, но ќе биде задолжителна потврда за вакцинација или негативен тест“, рече министерот Филипче.

Тој утрово зел обврска дополнително да ја извести грчката страна како ќе изгледаат нашите сертификати за примена вакцина и да достави листа на лаборатории кои издаваат тестови. Министерот Филипче нагласи дека очекувањата се да се отвори границата доколку не се случи нешто што би ја влошило сегашната состојба.

Можете да прочитате

СДСМ: Црна Гора затвори уште три поглавја, Албанија едно, каде е Македонија?

ДОМ: Не смее да се брише законската рамка за санација на жешките еколошки точки и заштитата од тешката индустрија

Министерство за правда: Националната припадност и државјанството не смеат да бидат основа за привилегиран третман