Утрински Весник
Магазин

Mеган Фокс речиси гола во прозирен фустан на свечена церемонија

Mеган Фокс речиси гола во прозирен фустан на свечена церемонија

Американската актерка Меган Фокс се појави на црвениот тепих на Ем-ти-ви наградите за видео и музика (MTV VMA 2021) во целосно прозирен фустан, креација на Тери Маглер.

Церемонијата на доделување на Ем-ти-ви наградите се одржа во „Центарот Баркли“ во Бруклин, Њујорк во неделата вечерта.

35-годишната актерка изгледа премногу жешко во фустан којшто многу малку ѝ остава на фантазијата, додека го држи за рака рокерот Машинган Кели (31), чие вистинското име е Колсон Бејкер.

На настанот, рокерот Кели имал физичка расправија со ѕвездата на мешани боречки вештини Конер Мекгрегор, пренесуваат таблоидите.

Можете да прочитате

Правилото на Безос за првиот час: Утринска рутина што носи успех

Лидл Северна Македонија прогласен за лидер во безбедноста при работа во домашниот услужен сектор

Дневен хороскоп за 28 април 2026 година