Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Mакрон: Ги заоструваме мерките низ целата земја, ги затвораме училиштата

Mакрон: Ги заоструваме  мерките низ целата земја, ги затвораме училиштата
Img 7972

Франција ќе ги заостри мерките за ограничување што веќе беа на сила во регионот на Париз, но и во некои други области во земјата.

Ова вечерва го соопшти претседателот на Франција, Емануел Макрон, во телевизиско обраќање до нацијата.

Новите мерки ќе бидат во сила најмалку еден месец, а Макрон процени дека контролата над пандемијата ќе биде изгубена доколку нема непосредна реакција, објави Ројтерс.

Макрон додаде дека Франција ќе ги затвори училиштата и градинките за три недели.

Претходно, училиштата беа затворени два месеци за време на првиот бран на пандемијата од Ковид-19, но владата ги отвори за време на вториот бран од ноември и досега не ги затвори.

„Тоа е најдобрата опција да се забави ширењето на вирусот“, рече Макрон, наведувајќи дека празникот за учениците ќе започне на 12 април.

Тој процени дека вакцините даваат резултати и дека Европа ќе биде лидер во светот во производството на вакцини, откривајќи дека 250.000 луѓе ќе учествуваат во вакцинирањето на Французите.

„Луѓето над 60 години ќе можат да се вакцинираат од 16 април, а оние над 50 години од 15 мај“, рече Макрон.

Можете да прочитате

Најмалку четворица загинати и 12 повредени во пукање за време на прослава во Мисисипи

Трамп се закани со царини од 100% за увоз од Кина

19 лица загинаа во експлозија на фабрика во САД