Утрински Весник
Македонија

Џафери : Нема да има седница за одложување на пописот

Џафери : Нема да има  седница за одложување на пописот

Пописот вечерва нема да се одложи затоа што ќе нема пленарна седница во Парламентот, за ова преку соопштение извести и претседателот на Собранието Талат Џафери.

Во писменото соопштение Џафери вели дека иако во текот на целиот ден настојувал за усогласување на ставовите на сите политички партии, сепак таков договор не бил постигнат договор.

„ И покрај моите целодневни настојувања за усогласување на ставовите на сите политички чинители во насока на постигнување на договор и одржување на двете седници на кои би се изгласале Предлог Законот за попис на населението, домаќинствата и становите, 2021 година и Предлог Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба, чиј што рок нагласувам дека истекува вечерва во 24.00 часот, не се постигна договор. Сите претставници на пратеничките групи и претставниците на политичките партии застапени во Собранието на Република Северна Македонија, изразија готовност за одржување на седниците, освен Алијанса за Албанците и Алтернатива. За понатамошниот тек ќе бидете информирани дополнително за време на утрешниот ден“, стои во писмената изјава на Џафери.

Можете да прочитате

Рубин Земон поднесе оставка од ИО на СДСМ: Не сакам моето семејство да биде мета на напади

СДСМ: До кога граѓаните ќе чекаат Мицкоски и Филков да пратат документи за екстрадиција на Груевски?

Хоџа иницира редовен дијалог со граѓанските организации за животна средина