Утрински Весник
Магазин

Лушпите од јајца може да го вртат сјајој на вашите орхидеи

W 37.jpg

Ако не сте знаеле, лушпите од јајцата се ефикасно и евтино ѓубриво за почвата во градината, но и за домашните растенија.Лушпите се богати со калциум карбонат, клучен минерал за зајакнување на ѕидовите на растителните клетки, а содржат и други минерали кои им помагаат на растенијата да растат, вклучувајќи калиум, фосфор и магнезиум.

Лушпите од јајцата можат да им користат на растенијата бидејќи ја намалуваат киселоста на почвата, што значи дека многу растителни видови претпочитаат ниска киселост на почвата за да ги апсорбираат хранливите материи и да се заштитат од токсични елементи како алуминиумот. Калциум карбонатот во лушпата од јајцето ја намалува pH вредноста на почвата, што ја прави почвата повеќе алкална отколку кисела.

Токму лушпите од јајцата можат да бидат вашата нова тајна состојка за убави и здрави орхдеи. Тие исто така придонесуваат да се акумулира помалку сол, а цветовите на вашите орхидеи ќе бидат уште пораскошни и поотпорни и ќе траат подолго.

Ова природно ѓубриво се подготвува многу едноставно, најважно е добро да се исушат лушпите, доволен ќе им биде еден ден на сонце. Само смачкајте ги сувите лушпи во прав или ставете ги во кеса и исчукајте ги со чекан за месо додека не добиете ситен прав.

Можете да ги сомелете и со раце (со ракавици) и да ги ставите во блендер и да ги претворите во прав.

Вака приготвениот прав можете да го мешате еднаш до двапати месечно со водата што ја користите за наводнување на вашиот цвет, при што доволно е една кафена лажичка.

Покрај прашокот, можете да направите и специјална вода од лушпите од јајцата за да го напоите вашето растение.

Вода од ориз, вода од кора од банана, зелен чај, цимет – сето ова се намирници кои ќе придонесат да се истакне природниот раскош на орхидеите и вашата домашна цветна оаза да изгледа едноставно магично.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста