Утрински Весник
Свет

Лукашенко: Србија, БиХ, Грузија и Молдавија ќе бидат вовлечени во НАТО според сценариото на Украина

D0bbd183d0bad0b0d188d0b5d0bdd0bad0be d0bdd0b5d183d181d0bfd0b5d188d0bdd0b8 d0bed0b1d0b8d0b4d0b8 d0b7d0b0 d0b7d0b0d0b4d183d188d183d0b2 63ca6e244c604.jpeg

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, смета дека Србија, Босна и Херцеговина, Грузија и Молдавија ќе бидат вовлечени во НАТО според сценариото на Украина.

Влезот на Финска во НАТО, а наскоро и на Шведска, е нова фаза на експанзија на исток. Алијансата ќе ги вовлече Босна и Херцеговина, Молдавија, Грузија и Србија. И сè ќе се одвива според украинското сценарио“, рече Лукашенко на состанокот со раководството на државните органи на системот за национална безбедност.

Како што додаде, прогнозите се неутешни.

„Апетитите и активноста на колективниот Запад само ќе растат. Вашингтон и неговите сојузници ќе продолжат да го прошируваат НАТО. Ситуацијата е повеќе од поволна за нив. Отворено ќе кажам: речиси сите европски лидери се претворија во поданици на САД – ако погледнеме чија политика, чии интереси доминираат на територијата на Европската унија“, оцени Лукашенко.

Можете да прочитате

Трамп најави нови царини – стапуваат на сила на 1 август

Голем број земји ги предупредуваат своите граѓани за ризици од патување во САД

Над 20 повредени откако автобус „Фликсбус“ (Flixbus) се преврте во северна Германија