Утрински Весник
Македонија

Претрес во гостиварско, пронајдена дрога

No .webp.webp

На 19.02.2024 во 17.30 часот на магистралниот пат Охрид – Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево ги лишиле од слобода Г.А.(48) и У.И.(54) двајцата од с.Форино, гостиварско.

При преглед во патничко возило „фолксваген фокс” со гостиварски регистарски ознаки, кое го управувал Г.А., а сопатник бил У.И., бил пронајден кокаин. Подоцна, во 23.50 часот, со судска наредба, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар извршиле претрес во домот на У.И. во с.Форино, при што биле пронајдени кокаин и дигитална вага. Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Можете да прочитате

Тројца вевчанци вработени во шумско стопанство „Јабланица“ го оштетиле буџетот за 280.000 денари

Средба Андоновски – Варнс: Продлабочување на соработка со САД во кибербезбедноста и дигиталната трансформација

Македонското еколошко друштво и ЕВН Македонија го означија официјалниот старт на проектот Безбедни жици за загрозени птици