Утрински Весник
Македонија

Лукаревска: СДСМ не е создаден за поделби, за кавги, за лаги и навреди

Lukarevska Od Shtip 1.jpeg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Пред нас се исклучително важни избори, можеби и најважни досега, важен е континуитетот. Зашто се покажа  дека иднината на Македонија не ја разбираат сите исто. Некои ја разбираат како заробена држава, изолирана и без перспектива. Затоа е важно СДСМ и после овие избори да продолжи да ја води Македонија, после НАТО, во Европската Унија, како Македонци со македонски јазик по исправниот пат, рече во Штип Сања Лукаревска, носителка во третата ИЕ на СДСМ и Коалицијата за европска иднина.

Ние не бегаме, ниту од одговорноста, ниту од народот, ниту од државата.

-СДСМ е силна, голема, одговорна партија која секогаш, без двоумење и калкулирање за сопствениот рејтинг, носела тешки одлуки во уште потешки околности. СДСМ не е создаден за поделби, за кавги, за лаги и навреди, за ниски удари. СДСМ е од граѓаните за граѓаните. СДСМ е избор на секој далековид човек, на секој кој ги почитува другите и разговара со сите. СДСМ, докажано, е партија која е тука кога е најтешко, и за земјата и за граѓаните, рече Лукаревска.

И овде, во Штип ќе повторам, драго ми е што успеавме граѓаните дури и да не насетат со колкава економска и енергетска криза се соочивме. Знам дека нашиот политички опонент тие кризи би ги спакувал во телевизиско шоу, наместо да ги решава. Има разлика.

Внимававме на сите граѓани, од тоа да задржат работните места, да добијат помош оние кои работат во приватниот сектор, непречено да тече исплатата на пензиите, социјалната помош, помошта за најранливите, ги зголемивме платите и пензиите.

И затоа ќе победиме.  Штип на 24 април и на 8 мај ќе го направи најдобриот избор, за Стево Пендаровски и Социјал демократскиот сојуз на Македонија.

Слободата и демократијата мора да останат да живеат во Македонија. Нема откажување од иднината, рече Лукаревска вечерва пред граѓаните на Штип.

Можете да прочитате

Обемна полициска акција против економски криминал, кривични пријави за 33 лица, 11 од нив уапсени

Левица: Прикриената смрт на новороденчето на ГАК аларм за колапс на здравството

Тошковски: Интервентната полиција – шест години посветена служба во заштита на граѓаните