Утрински Весник
Спорт

Лука Модриќ влезе во игра и по шест минути со гол му донесе победа на Реал

2218111.jpeg

Во дербито на 26. коло на шпанското фудбалско првенство, Реал Мадрид ја победи Севиља со 1-0 со голот на капитенот на хрватската репрезентација Лука Модриќ во 81. минута.

Лука Модриќ во игра влезе во 75. минута наместо Начо Фернандез, а шест минути подоцна со одличен удар од 20 метри му донесе победа на „кралскиот“ клуб.

Тоа беше негов втор првенствен гол во сезоната откако постигна гол во победата од 4-1 против Виљареал во декември.

Реал цел натпревар се мачеше со Севиља, а потоа во игра влезе Модриќ и постигна фантастичен гол за важна победа на „кралскиот“ клуб кој сега има осум бода повеќе од второпласираната Барселона.

Натпреварот на „Сантијаго Бернабеу“ беше посебен за капитенот на Севиља, Серхио Рамос, кој доби овации од полниот стадион при неговото претставување.

Еден од најважните играчи во поновата историја на Реал Мадрид се врати на Бернабеу. Тоа беше прв пат во 1456 дена Рамос да стапне на стадионот каде што остави длабока трага. Поминаа три години, 11 месеци и 24 дена од неговиот последен настап на Бернабеу. Тоа беше на 1 март 2020 година во Ел Класико против Барселона.

Рамос мина 16 години во дресот на „кралскиот“ клуб, одигра 671 натпревар и постигна 101 гол како стопер. Во дресот на Реал освои 22 трофеи од кои четири титули во Лигата на шампионите, пет титули во шпанското првенство…

Можете да прочитате

Рутинска победа на Реал кај Леганес

Дебакл на Хрватска во БиХ, Хрватите ќе останат без место на ЕП

Повредата на Димитријевиќ не е сериозна: Беше само силен грч , се ќе биде во ред набрзо