Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Луис Суарез, по СП, ќе заигра во МЛС-лигата

Луис Суарез, по СП, ќе заигра во МЛС-лигата
300x250 opst2

Уругвајскиот напаѓач Луис Суарез, по Светското првенство во Катар, ќе го напушти Насионал и ќе се пресели во МЛС-лигата на САД. Како што откриваат шпанските медиуми, тој се договорил за трансфер во редовите на Лос Анџелес галакси.

dobivaj vesti na viber

Постоеше можност Суарез да се врати и во Европа, за него беа заинтересирани Астон Вила и Хетафе, но тој одлучи да замине во Америка.

Луис Суарез имаше понуда и од Интер Мајами, клуб чиј косопственик е Дејвид Бекам. Сепак, тој се одлучи за живот во Лос Анџелес.

Можете да прочитате

ПМФЛ: Прв бод за Шкупи во новата сезона, нерешено и во Струмица

Без влезници во продажба за натпреварот Србија – Албанија во Лесковац

Шеста светска клупска титула за ракометарите на Барселона