Утрински Весник
Спорт

Луис Енрике: Одговорноста е моја, од следната недела ќе разговараме за иднината

Луис Енрике: Одговорноста е моја, од следната недела ќе разговараме за иднината
Ss2

Селекторот на Шпанија, Луис Енрике вели дека одговорноста за елиминацијата од Мароко во 1/8-финалето на Светското првенство во Катар е негова. Најави дека од следната недела ќе има разговори за неговата иднина на селкторската позиција.

dobivaj vesti na viber

„Пенали скапо не чинеа. Жал ми е за тие што не играа. Одговорноста е моја бидејќи ги избрав првите тројца изведувачи, играчите одлучија за другите. Не стигнавме ниту до четвртиот. Боно беше одличен во пеналите. Дадовме 100 проценти. Честитки за Мароко за победата. Жал ми е за навивачите кои не поддржаа“ – рече Енрике.

300x250 (7)

Енрике беше прашан за неговата иднина на клупата на Шпанија.

„Не е време за тоа прашање. Нетрпелив сум да се вратам дома. Претпоставувам дека од следната недела ќе разговараме за иднината”, изјави шпанскиот селектор.

Мароко обезбеди пласман во 1/4-финалето по изведувањето пенали. Претходно во регуларните 90 и во дополнителните 30 минути немаше голови.

Ss1

Можете да прочитате

Хулкенберг се сели во Заубер

Денвер трет пат го совлада ЛА Лејкерс

ЛШ во ракомет: Барселона на чекор до полуфинале