Утрински Весник
Свет

Луфтханза времено ги суспендира летовите до Тел Авив, Аман и Ербил 

Lufthanza.jpg

Портпаролот на германската авиокомпанија Луфтханза изјави дека нејзините летови до и од Тел Авив во Израел, Аман во Јордан и Ербил во курдскиот регион во северен Ирак се суспендирани до понеделник. По нападот на Иран врз Израел синоќа, портпаролот изјави дека тие „постојано ја следат ситуацијата на Блискиот Исток“. Летовите до и од Бејрут, главниот град на Либан, и Техеран, главниот град на Иран, ќе останат суспендирани најмалку до 18 април, откако компанијата во петокот соопшти дека нејзините авиони повеќе нема да го користат иранскиот воздушен простор. Летовите на Луфтханза за Техеран се суспендирани од 6 април.

Можете да прочитате

Кина, САД и Русија ќе продолжат со координацијата на работно ниво по историскиот „мировен самит“, соопшти официјален Пекинг

Трамп, Путин и Шји објавија заедничка декларација кон мирот: Нуклеарна војна не смее да има

Шји, Путин и Трамп разговараа за Украина, нуклеарното разоружување и глобалната безбедност