Утрински Весник
Свет

Белгија увезува повеќе руски гас од пред војната, независно санкциите на ЕУ

Gasovodi.jpg

Белгија увезува повеќе гас од Русија отколку пред почетокот на војната во Украина, објавија локалните медиуми, повикувајќи се на податоци од белгиското Министерство за економија.

Според податоците, рускиот гас учествувал со повеќе од 11 проценти во вкупниот увоз на гас во Белгија минатата година.


Слични количини биле увезени и во 2019 година, додека по почетокот на воените дејствија во Украина уделот на рускиот гас се намалил на околу пет проценти. Белгија го запре увозот на руски гас преку гасоводите, но значително се зголемиле количините на увезен течен природен гас.

Медиумите оценуваат дека таквите податоци се спротивни на настојувањата на Европската Унија да ги намали приходите што Русија ги остварува од извозот на енергенси.

Минатата година Белгија увезла вкупно 17,6 терават-часови руски гас, што е повеќе од количините увезени пред воведувањето на европските санкции кон Москва. 

Можете да прочитате

Нов опасен тренд: Криминалци регрутираат тинејџери преку социјални мрежи за убиства

Кенеди Помладиот: САД погрешија во одговорот на Kовид-19, потребна е промена на здравствената политика

Војната на Блискиот Исток силно ја погоди потрошувачката во еврозоната