Утрински Весник
Спорт

Лос Анџелес Доџерс ја одбранија титулата

20251102104221 big 730x400 79.webp.webp
Dik 300x250 mk

Лос Анџелес Доџерс го совладаа синоќа Торонто Блу Џејс со 5-4 по продолжение во решавачкиот седми натпревар од големото финале во американската професионална бејзбол лига (МЛБ), станувајќи првиот шампион во Светската серија што ја одбрани титулата по пауза од 25 години.

За клубот од Лос Анџелес, ова е деветта титула вкупно, а трета во последните шест години, која ја освоија во драматичен натпревар.


Торонто Блу Џејс, кој е единствениот канадски клуб во МЛБ лигата водеше во финалната серија со 3-2, но на крајот не успеа да ја освои својата прва шампионска титула во 32 години.

„Имавме многу, многу среќа што победивме“, рече сопственикот на Доџерс, Марк Волтер.

Јапонецот Јошинобу Јамамото беше прогласен за најкорисен играч во Светската серија.

Можете да прочитате

Салах го постигна 250. гол за Ливерпул и им се придружи на Раш и Хант

УЕФА пред тужба за повреда на авторски права на новиот концепт на Лигата на шампиони

Македонските ракометари поразени од Јапонија