Утрински Весник
Скопје

Локализиран пожарот што избувна во зграда во Карпош 3

Pozarna.jpg

Изгаснат е пожарот што денеска избувна во стан во зградата на улица „Манапо“ во Карпош 3 во непосредна близина на супермаркетот на ВЕРО. Повредени нема, а полицијата допрва ќе ја утврди причината за избувнување на пожарот, изјави за МИА командирот на скопската Бригада за противпожарна заштита Звонко Томески.

-Пожарот избувна во стан во делот на балконот, во зграда на улицата „Манапо“. Интервенирано е со три противпожарни возила и осум пожарникари и за кратко време истиот е локализиран, посочи Томески.

Тој потенцираше дека и полицијата била присутна и таа допрва ќе ја утврдува причината за настанување на пожарот.

Можете да прочитате

Автобус симнал патници среде улица затоа што снемало гориво

Институциите молчат за закланите коњи во ЗОО Скопје, порачаа од Анима Мунди

Евакуираните македонски државјани од ОАЕ стигнаа во Скопје