Утрински Весник
Македонија

Лога-Вуцас: Ќе се унапреди соработка со Австрија за спроведување на реформските приоритети

Лога-Вуцас: Ќе се унапреди соработка со Австрија за спроведување на реформските приоритети

Министерот за правда Кренар Лога оствари средба со амбасадорот на Австрија, Георг Вуцас. На средбата, Вуцас беше информиран за активностите кои ги презема Министерството за правда во делот на реформите за изборните правила, законите кои се во собраниска процедура, евроинтегративниот процес и владеењето на правото.

dobivaj vesti na viber

Беше отворено и прашањето за ветингот при што министерот за правда Кренар Лога рече дека очекува од Австрија и од меѓународната заедница целосна поддршка за реализација на овој процес.

Се разговараше и за уставните измени и очекувањата наскоро да отпочнат стручните јавни расправи на оваа тема.

На средбата се разговараше и за работната посета на министерката за правда на Австрија, Алма Задиќ која доаѓа во нашата земја на 29 март.

Лога и Вуцас ги договараа деталите за средбата и меморандумот за соработка кој ќе треба да се потпише.

Лога и Задиќ ќе ги споделуваат практичните искуства на двете земји од областа на кривичната и граѓанската материја а ќе се организира и заедничка работилница со експерти од двете држави.

Можете да прочитате

Петковска: За заканите мора да има исти аршини – и за премиерот и за граѓаните

Јанев со радикален потег во Куманово: Целосно сменета единицата за борба против дрога

ЕУ забрзува со четири кандидати, Македонија ја нема на листата – Кос: Променете го Уставот