Утрински Весник
Македонија

Лога: Вистината за лажните моралисти е дека тие ќе се повлечат од функцијата градоначалник бидејќи ВМРО-ДПМНЕ им вети законски измени

Picture 983 660x496 1.jpg

Вистината за лажните моралисти е дека тие ќе се повлечат од функцијата градоначалник бидејќи ВМРО-ДПМНЕ им вети законски измени, вели министерот за правда Кренар Лога во врска со изјавата на Арбен Таравари за негово повлекување од функцијата градоначалник. Според Лога, како што се наведува во соопштението од Министерството за правда, за неколку дена законот ќе се промени и наместо предвремени избори на локално ниво, ќе имаме вршители на должност до редовните локални избори. -Другите изјави се само за ПР и измама на соработниците. Ќе видиме уште еднаш дека професори како Намик Дурмиши, заменик-градоначалник, на кои им припаѓа да ја водат Општина Гостивар, ќе биде побарано да се повлечат бидејќи не се соодветни за ВМРО. *Не бе друже, не е вистина/фантастика е!, истакнува Лога. Таравари, чие име  се споменува како иден министер за здравство, вчера во изјава за медиумите рече дека уште размислува дали да ја прифати таа функција или да остане градоначалник на Гостивар. Според него не е фер граѓаните сега повторно да излегуваат на избори и в година повторно на редовни избори. Одлуката тој ја најави за во понеделник.  

Можете да прочитате

Николоски: Автопатот Охрид-Кичево, експресниот пат Градско-Прилеп и браната Отиња се трите проекти со кои ќе се занимавам oд следната недела

ЕКСТРЕМНО ТОПОЛ БРАН ВО МАКЕДОНИЈА: Температурите од денес па се до недела ќе надминуваат 40 степени, меѓутоа во недела ни се заканува Суперќелијско невреме

Продолжен е рокот за регистрација за изборите за претседател на СДСМ