Утрински Весник
Македонија

Лога стави потпис: Жените во затворот „Идризово“ ќе ги имаат правата како мажите

Лога стави потпис: Жените во затворот „Идризово“ ќе ги имаат правата како мажите

Министерот за правда Кренар Лога ги потпиша измените на Правилникот за распоредување, класификација и разместување на осудените лица во Казнено-поправните установи. Од Министерството за правда посочуваат дека со измените, жените кои издржуваат казна затвор ќе ги имаат истите права и поволности како и мажите. Измените доаѓаат откако ексминистерката Гордана Јанкулоска поднесе прествка до Комисијата за антирискриминација, а тие утврдија дека таа и другите жени се дискриминирани со одредбите од Правилникот.

dobivaj vesti na viber

„Предвидено е доколку осудено лице од женски пол, кое е осудено на казна затвор до три години или издржало казна затвор од три години да може да ги користи поволностите во согласност со правилникот и куќниот ред од КПУ ‘Идризово’. Со измените на Правилникот повеќе нема да има дискриминација на осудените лица од женски пол во женското одделение, наспроти осудените од машки пол“, велат од Министерство за правда.

Со ова, Гордана Јанкулоска ја извојува битката по која сега сите затворенички ќе бидат третирани, како и затворениците од машки пол. „Макфакс“ за дискриминаторскиот правилник пишуваше со месеци. Пред еден месец, министерот за правда, Кренар Лога, вети негова промена. Во интервју за „Макфакс“, директорот на „Идризово“, Зоран Јовановски, зборуваше и за други проблеми што ги има затворот.

Пред Лога дискриминацијата во затворот по основ на пол требаше да ја реши неговиот претходник Никола Тупанчески, кој го почна процесот со формирање работна група, но исход немаше. И разрешениот директор на Управата за извршување санкции, Марјан Спасовски, рече дека тоа е важен процес и дека правилникот, кој ги ограничува правата на затвореничките, ќе биде променет за што даде рок до февруари. Ова не беше почитувано од министрите за правда, кои се задолжени за носење на правилникот.

Претходно, Комисијата за заштита од дискриминација констатирала дека Гордана Јанкулоска како осуденичка е дискриминирана во затворот „Идризово“ во Скопје, каде што издржува затворска казна од 4 години. Комисијата утврдила директна дискриминација од страна на Управата за извршување санкции кон осуденичката од женски пол. Подносителката е ставена во понеповолна положба во однос на осудениците од машки пол во поглед на користење дел од погодностите на осудените лица пропишани со член 218 од Законот за извршување на санкциите, е наведено, меѓу другото, во извештајот од Комисијата. Од таму појаснуваат дека на Јанкулоска ѝ биле оневозможени посети надвор од установата, одмор, како и работно ангажирање.

Гордана Јанкулоска и нејзиниот сопруг и адвокат, Влатко Илиевски, очекуваат државата веднаш да го промени правилникот за „Идризово“ за жените затворенички да имаат исти права и привилегии како и мажите. Адвокатот Илиевски посочува: „Освен во Авганистан, и кај нас има дискриминација по пол“. Тој очекува Гордана Јанкулоска да ги добие правата што ѝ следуваат.

Можете да прочитате

Јанев: Полицијата е партнер на граѓаните, обврска и задача е да им служи а не да владее

ВМРО-ДПМНЕ: Разбирлива е реакцијата на ДУИ за интерпелација на Тошковски, бидејќи сценарието за насилство и меѓуетнички тензии им е откриено

КОН МАКЕДОНИЈА ДОАЃААТ НОВИ ОБИЛНИ ВРНЕЖИ: Ќе врне дожд, снег и ќе има ново големо зголемување на снежната покривка!