Утрински Весник
Македонија

Лоцирана поранешната ограда на Владата – се наоѓа во незавидна состојба, вели новиот директор на СОЗР

Fb Img 1719938289905.jpg
Dik 300x250 mk

„Денес Владата ја задолжи Службата за заеднички и општи работи да ја врати оградата која беше поставена околу владината зграда, но насилно извадена од страна на претходната власт и заменета со дотраени полициски огради наменети за разбивање на граѓански собири.
Оградата е лоцирана и истата е во незавидна состојба, што може да се види и од фотографиите. Она што е посебно фрапантно е акутната негрижа кон државниот имот“, напиша на социјалните мрежи Ивица Томовски, новиот директор на СОЗР.

„СОЗР ќе направи напори со сопствени сили да ја стави оградата на нејзиното вистинско место во најкус период“.

Можете да прочитате

Демократски сојуз: На самостојниот настап за советници во Конче, ДС освои 8,69% од гласовите и обезбеди советник во Советот

Костадинов: Ова не е обичен пораз, туку тешка брука

ВМРО-ДПМНЕ: Остваривме историски резултат, по 20 години победа во прв круг во бастионот на СДС, Струмица и во 33 општини