Утрински Весник
Спорт

Ливерпул преку Фулам се израмни на врвот со Арсенал

12173330.jpg

Ливерпул како гостин во Лондон го совлада Фулам (3:1) во натпревар од 34. коло во англиската фудбалска премиерлигашка конкуренција и се израмни на водечката позиција со првопласираниот Арсенал. Зад водечкиот двоец е актуелниот првак Манчестар сити со еден бод помалку, но и натпреавр помалку. Ливерпул поведе во 32 минута со голот на Александар Арнолд, а израмни Тимоти Кастањ во втората минута од судиското надополнување на првиот дел. „Црвените“ ново водство обезбедија во 53 минута Рајан Гравенберх, а Диего Жота во 72 минута го постави конечниот резултат.

Можете да прочитате

Александар Таневски нов селектор на Македонија до 21 година

Свечено пуштен новиот Спортско-рекреативен центар „Џексон“ во Штип

„Заншин До“ со четири медали и пласмани на светско и балканско првенство