Утрински Весник
Македонија

Лишен од слобода крадец од Велес, при претрес во неговиот дом пронајдени пари и предмети што ги украл

Policija 2.webp.webp

На 05.01.2026 во 17:30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиja од слобода Љ.Ј. (36) од Велес, поради основи на сомнение дека сторил повеќе кривични дела „тешка кражба“ на подрачјето на Велес.

По добиени оперативни сознанија, извршен е претрес во неговиот дом, со судска наредба, при што биле пронајдени и одземени пари и предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од извршените кражби.

Љ.Ј. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Бугарија нема да ја предаде Ива Михајлова – министерот ги нарече македонските власти „српски“

Расте бројот на лица кои бараат психијатриска помош поради стрес предизвикан од семејно или партнерско насилство

Полицаец возел без возачка и со истечена регистрација, доби кривична