Утрински Весник
Македонија

Лимани: Судот ја прифати жалбата на коалицијата ВЛЕН за „бугарскиот воз” во Липково, се докажа изборниот инженеринг на ДУИ

Kutii Izbori Glasanje 1 1 10 0 0.jpg

Валбон Лимани од коалицијата ВЛЕН денеска на прес-конференција го презентираше решението на Управниот суд со кое се прифаќа жалбата на коалицијата ВЛЕН за полнење кутии во Липково.

„Управниот суд ја прифати жалбата на Коалицијата ВЛЕН за гласачко место во Липково, каде што имало полнење на кутија од страна на блиски луѓе на носителот на листа на ДУИ во оваа зона,  со техника позната како „бугарски воз”. Во судската одлука стои дека тужбата на кандидатот на претседателските избори во 2024 година, Арбен Таравари, е прифатена”, рече Лимани.

Според Лиман, со ова се докажува изборниот инженеринг на ДУИ на претседателските избори на 24 април и ги повика надлежните институции да постапат за кражбата на гласови и чинителите да се изведат пред правдата.

„По парламентарните избори нод 8 мај, режимот на ДУИ ќе се сруши. Коалицијата ВЛЕН, како следна влада, ветува дека ќе го санкционира секој обид на владата во заминување да краде или купи гласови”, рече Лимани.

Можете да прочитате

Мечка шета низ Битола, Коњановски уверува: Надлежните се веќе на терен

Андоновски откри дека Македонија била мета на сериозен сајбер-напад врз владините системи

„Беше неочекувано, нè евакуираа на безбедно“: Андоновски откри детали за драмата на аеродромот во Вилнус