Утрински Весник
Економија

„Лидл“ организира настан за развој, извоз и сертификација на локалното производство на овошје и зеленчук

Lidl.webp.webp

Во Стопанската комора на Северна Македонија денеска ќе се одржи настан организиран од Лидл Северна Македонија посветен на развојот, извозот и сертификацијата на локалното производство на овошје и зеленчук.

На настанот ќе се обратат Милена Драгиска-Денчева, извршна претставничка на Лидл, Михал Харари, заменик шеф на мисијата во Амбасадата на Швајцарија во Северна Македонија и Јан-Аксел Фос, заменик амбасадор на Сојузна Република Германија во Северна Македонија.


Ќе бидат претставени барањата за соработка со „Лидл“ како интернационален трговски синџир, ќе се презентираат стандардите GLOBALG.A.P. и GRASP и успешните локални производители кои веќе извезуваат преку „Лидл“.

Можете да прочитате

Ребалансот на Буџетот пред пратениците на 2 јули

Димитриеска-Кочоска: Финансирањето е стабилно, повратот на ДДВ е редовен, а јавните пари се пари на граѓанитe

Гувернерот Славески со конкретни предлози за намалување на надоместоците за платежни услуги