Утрински Весник
Свет

Либија е најголем производител на нафта во Африка

Nafta.png
Dik 300x250 mk

Либија и покрај тензичната политичка ситуација е најголемиот производител на нафта во Африка. Либија во март произвела 1.236 милиони барели нафта дневно, со што ја надмина Нигерија.

Либија во март произведувала нафта за 5,4 отсто повеќе во споредба со февруари (1.173 милиони барели дневно) од пустинските нафтени наоѓалишта на југот на земјата и во крајбрежните води на Медитеранот.

Во најновиот извештај на ОПЕК се истакнува дека Нигерија во март забележа пад на производството на нафта од 6,8 проценти на околу 1,23 милиони барели дневно, додека во февруари произведуваше 1,32 милиони барели дневно.

Можете да прочитате

Протекување на податоци на „Тиса“: Маѓар обвинува руски хакери, Орбан посочува украинска вмешаност

Хакерски напади врз белгиските телекоми „Проксимус“ и „Скарлет“ 

Германија го забрани муслиманското здружение Интерактив, се вршат рации и заплена на средства