Утрински Весник
Спорт

Либерасион: Првиот човек на ПСЖ обвинет за изнуда и киднапирање

Либерасион: Првиот човек на ПСЖ обвинет за изнуда и киднапирање
Ss2

Претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи, наводно е обвинет за киднапирање и изнуда, пишува парискиот весник „Либерасион“.

dobivaj vesti na viber

Во најновото истражување на овој медиум од главниот град на Франција, во врска со Насер Ал-Келаифи, се дознава дека тој бил еден од учесниците во изнудата и затворањето на француско-алжирскиот бизнисмен Таиб Б.

300x250 (7)

Дотичниот Тајб Б. бил уапсен и затворен на 1. ноември 2020 година во Катар под сомнение дека има доверливи информации за имињата на лицата вклучени во нелегалните избори, на кои Катар ја доби организацијата на Светското првенство. На списокот се наоѓало и името на Насер Ал Келаифи.

Откако им ги предал тие документи на адвокатите на Ал-Келаифи, под силен психолошки притисок, бизнисменот бил ослободен. Според француските медиуми, апсењето било мотивирано од катарскиот емир.

Се напоменува дека овој бизнисмен е француско-алжирски државјанин кој во тоа време живеел во Катар со своите деца и сопругата.

Ss1

Можете да прочитате

Денвер трет пат го совлада ЛА Лејкерс

ЛШ во ракомет: Барселона на чекор до полуфинале

Олимпискиот оган попладневно во Атина ќе им биде предаден на организаторите на ЛОИ „Париз 2024“