Утрински Весник
Скопје

Левица: Стојкоски е шеф на урбаната мафија, а ДУП СЗ 16 во Ѓорче Петров ќе го загрози главниот цевковод на Скопје

417513380 738852098344563 8796014777985739231 N.jpg

Интегрален текст од соопштение на политичката партија Левица:

Во сабота, (17.02.2024) на вонредна седница, советниците од ДПМНЕ во Советот на Општина Ѓорче Петров изгласаа катастрофален ДУП за градска четврт С3 16.

Со овој ДУП ќе се дозволи изградба на:
-21 кат (1 објект),
-18 ката (1 објект),
-16 ката (4 објекти),
-14 ката (два објекти)
-11 ката (6 објекти)
-9 ката (7 објекти),
-6 ката (1 објект)
-5 катници (9 објекти)

Дополнително, постои опасност да се изврши загрозување на трасата на главниот железарски цевковод Ф1600 со кој се врши водоснабдување на северниот дел на градот Скопје. Имено, во склоп на објект на Алкалоид таканаречената Лафома минува главниот железарски цевковод кој претставува основна водоснабдителна артерија на северниот дел на град Скопје. Во дворот на Лафома се наоѓаат и затварачи на делница од главниот железарски цевковод.

Исто така во непосредна близина се наоѓа и бунарското подрачје Лепенец.

Реализацијата на овој ДУП за градски четврт С3 16 е прикриен од страна на градоначалникот Стојкоски со изградба на училиште, а реално носи потенцијален профит на инвеститорите од 240.000.000 евра.

Шефот на урбаната мафија Стојкоски – наместо да го реши проблемот со водоснабдувањето на Ѓорче Петров потенцијално го загрозува водоснабдувањето на северниот дел на град Скопје!

ДУП за градска четврт С3 16 е доказ за интерес коалицијата ДПМНЕ – СДС, потпишана од тандемот Стојковски – Бочварски на штета на жителите на Ѓорче Петров.

Можете да прочитате

Приватните превозници од понеделник се враќаат во сообраќај, но не во целост

Нафтата што ја доби ЈСП ќе биде доволна за 2 недели, но нема трајно да го реши проблемот, вели Мицкоски

Граѓаните пробаа да влезат кај Данела, откако таа не излезе на протестот