Утрински Весник
Македонија

Левица со Предлог-закон за здравствено осигурување за сите

Image 2026 04 30 171159818.png

На денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет, пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил, алармираше дека постојното законско решение создава апсурдна и неправедна ситуација во која граѓаните го губат правото на здравствено осигурување токму во моментот кога им е најпотребно, за што пратеничката група на Левица поднесе измени кон Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување:

„Кога луѓето ќе изгубат работа, не само што тие не можат да остварат право на здравствено осигурување, туку и нивните семејства го губат истото право, само затоа што во претходната година го надминале лимитот, којшто е навистина низок и изнесува околу 4.700 евра.


Баш во моментот кога остануваат без работа, кога семејниот буџет им е оштетен и кога им е најпотребно да одат во здравствените институции, тие се приморани дополнително да плаќаат за да можат да го користат тоа право.

Со предложените измени предвидуваме овој лимит да се укине и луѓето кои не се вработени, како и членовите на нивните семејства, да бидат здравствено осигурани во целост на товар на Фондот за здравство.

Целта е да се достигне универзално здравствено осигурување за сите граѓани, што е и уставна категорија!”

Исмаил посочи дека предложените измени се насочени кон враќање на правичноста во системот и обезбедување реална заштита за граѓаните.

Можете да прочитате

СЕЗОНСКА ПРОГНОЗА: Јули и август 2026 ќе бидат екстремно топли

Муцунски во работна посета на Германија, Обединетото Кралство и Ирска

Уапсен 18-годишник по предизвикан хаос од Василево до Богданци