Утрински Весник
Македонија

Левица: Разоружувањето на АРМ продолжува 

Levica.jpg

Интегрален текст од соопштение за јавност на Левица:

Новата Влада продолжува со старата вазалска политика! Подаништвото кон странските амбасади на СДС и ДУИ, го продолжуваат ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ. Ова го потврди министерот за одбрана, Мисајловски, со најавата за донесување нова одлука на Влада за разоружување на Армијата на Република Македонија и донирање во Украина и на она малку оружје што остана во Армијата после раководството на Славјанка.

‼️Натоцистичката политика директно ја вовлекува државата во конфронтација со земја – членка на Советот за безбедност. Одлуката за донација на оружје во Украина од антинародната врхушка на власт, не е и никогаш нема да биде поддржана од македонскиот народ!

Иако македонската армија важи за една од најлошо опремените армии во Европа, донираното оружје од квислинзите на власт ја прави државата петти најголем донатор. За очајот во кој се наоѓа Армијата и неспособноста на државата да ги обезбеди сопствените редови со потребното оружје, говори и фактот што вчера државата доби донација на оружје од Турција. 

Несомнено е дека Македонија нема апсолутно никаков интерес од вмешување и учество во воени дејствија кои се директна последица на империјалистичката политика што ја води Колективниот запад. Уште поизвесно е дека последиците, особено, со политиката на санкции и вооружување на Украина што заеднички ја водат ДПМНЕ и СДС со сите коалициски партнери, ги плаќаат македонските граѓани!

Левица, како и мнозинството македонски народ, ја осудува натоцистичката политика водена од поданичката врхушка на власт. Вмешувањето во туѓи конфликти може само дополнително да ја дестабилизира државата во период на тензични регионални односи. Затоа, како партија се залагаме за воен неутралитет и неподдржување и неучество во никакви воени дејствија или мисии, надвор од рамките на ООН.

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор