Утрински Весник
Македонија

Левица: Приватноста на македонските граѓани на тацна на власта !

462295989 1113318503484546 48335603670741138 N.jpg
Dik 300x250 mk

Интегрален текст од соопштение за јавност на ПП Левица

Приватноста на македонските граѓани веќе со години масовно и систематски се нарушува од страна на телекомуникациските оператори, кои од 2014 година со закон се обврзани да ги чуваат мета-податоците на граѓаните.

Се работи за податоци во врска со повици кои граѓаните ги прават, односно – со кого и колку пати разговарале, локацијата од каде се јавиле, каква содржина пребарувале на интернет, кому му праќале и од кого добивале пораки на ,,WhatsApp” и ,,Viber”, какви социјални мрежи користеле и сл.

​​​​​​​Телекомуникациските оператори не само што прибираат и чуваат вакви податоци за граѓаните, туку и на барање на МВР, Обвинителството, УБК и други институции на власта, по закон, имаат обврска овие податоци да ги предадат.

За скандалозните членови 176, 177 и 178 од Законот за електронските комуникации, Уставниот суд неодамна оцени дека навлегуваат во правото на почитување на приватниот живот, неповредливост на комуникациите и правото на заштита на сигурноста и тајноста на личните податоци, кои се гарантирани со Уставот.

Особено проблематично е што ваквото задржување на податоците е неселективно и се однесува практично на целиот телефонски и интернет сообраќај на секој граѓанин. Уставниот суд го повика парламентарното мнозинство во најбрз можен рок да го ограничи правото на државните институции и операторите да навлегуваат во приватноста на граѓаните, преку подетално уредување на условите и роковите во кои треба да се чуваат и употребуваат мета-податоците на граѓаните.

Левица во својата програма се залага за воспоставување на строга контрола над квалитетот на електронските комуникации на приватните комуникациски, интернет и ТВ даватели на услуги, со цел заштита на граѓаните и нивните кориснички права, како и правото на приватност.
Согласно тоа, апелираме до владејачкото мнозинство, да се земе предвид апелот на Уставниот суд и во најскоро време да се отпочне процесот за измена на Законот за електронските комуникации.

Можете да прочитате

Биљана Ивановска: Освоивме 4.465 гласа со само 1500 евра донација од ЕУ

Тетовец со нож им се заканувал барајќи пари на родителите кои ги избркал од дома

Голема хуманитарна прослава за вториот роденден на Diamond Mall