Утрински Весник
Економија

Левица: Потрошувачка кошничка на ДПМНЕ – Леб и сол за народот – луксуз за власта

Levica.webp.webp

Интегрален текст од соопштение на Левица: 

Наместо вистински реформи за подобрување на стандардот на граѓаните, десничарската влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ реши да го редефинира самото значење на сиромаштијата. Не ја зголемуваат минималната плата – напротив, се нафатија да ја прекројуваат потрошувачката кошничка, да ја сведат на леб и сол, за утре да можат да кажат дека „се живее” со бедните плати што ги испорачуваат и со високите цени на кои никако не им застанаа на пат.


Оваа ненародна власт не само што не ја чувствува реалноста, туку и свесно ја искривува. Според сите официјални податоци, најзастапени домаќинства во државата се четиричлените, но тие решија пресметките да ги прават за трочлено семејство, само за да ја намалат сумата и да си ја оправдаат социјалната нечувствителност. Ова е бесрамен обид системски да се избрише реалната беда – не преку решавање, туку преку статистичко манипулирање.

Потсетуваме дека додека народот го учат дека летување е луксуз, а цигарите и алкохолот се недозволива разонода, владата на ВМРО-ДПМНЕ брутално се расфрла со народни пари. Летаат со приватни авиони, јадат папаја и аспарагус, готват октоподи и бифтек од млади говеда стари од 18 до 24 месеци – сè на трошок на буџетот кој го полни работникот! Тоа е нивниот ‘реформски’ морал: леб и сол за народот, луксуз и раскош за врхушката.

Оваа власт не само што не предлага мерки за подобрување на стандардот, туку свесно ја блокира и одбива секоја иницијатива што оди во корист на обичниот човек. Потсетуваме дека пратеничката група на Левица предложи низа закони од областа на трудовото право, со цел гарантирање на достоинствени работнички услови и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните, но ненародното владејачко мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ ги одби сите предлози.

Можете да прочитате

Во јануари и февруари времето беше студено и го успори стартот на капиталните инвестиции

МБА преку фондацијата „Заедно за едно“ ќе донира средства за семејствата на настраданите и повредените во пожарот во Кочани

Азески: Образованието почна да зборува со јазикот на бизнисот, одливот на мозоци мора да престане, а извозот да загосподари