Утрински Весник
Македонија

ДУИ: Ова не е правда, туку одмазда за вклучувањето на Албанците во институционалните текови

Dui Mala Rechica 623x330 1.jpg

По повoд повикувањето на информативен разговор на екс министри за економија Ваљон Сарачини, Беким Незири, Дритон Кучи, како и екс директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Шабан Салиу и сегашниот директор на Дирекцијата Џевад Селами, со соопштение се огласија од ДУИ.

„Денес, албанскиот народ во земјава е под напад од институциите на сопствената држава коишто се целосно заробени од политичките и етноцентристички интереси на Власта.


За да се заштитат себе си и своите, Премиерот, Министерот за внатрешни работи и Јавниот обвинител еднострано ја насочија истрагата против Албанците кои на било каков начин и било кога биле дел од институциите на системот.

Јасно изјавуваме дека денес против Албанците е прогласена еднострана и неправедна агресија, без разлика дали станува збор за ДУИ, за албанските партии во Власта или за Албанците воопшто.

Ова не е правда, ова е одмазда за вклучувањето на Албанците во институционалните текови!

ДУИ ќе ги преземе сите потребни мерки за да се спречи продолжувањето на овој напад и да се обезбеди правда за албанскиот народ во земјава.“, велат од ДУИ.

Можете да прочитате

Николоски: Македонскиот авиосообраќај руши рекорди, оваа година ќе сме блиску до 4 милиони патници 

Николоски: За три дена Градскиот воз превезе околу 1.500 патници, интересот е голем и очекуваме да надмине бројка од преку 100 илјади патници

До 18 часот 28 пожари на отворен простор, од кои 11 се активни