Утрински Весник
Македонија

Левица поднесе интерпелација за Гаши

Afrim Gashi.jpg

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, денеска во Собранието поднесе интерпелација за отповикување на претседателот на Собранието, Африм Гаши, по како што рече тој – седум основи, а по скандалот со неговото лично обезбедување кое интервенираше на скопскиот аеродром по барањето на косовската претседателка Вјоса Османи да не и биде скениран мобилниот.

– Станува збор за повреда на дипломатските правила за обезбедување на ВИП личности.Спикерот Гаши јавно призна дека ја дал наредбата за интервенција во недозволена ареа, рече денеска пратеникот.

Интерпелацијата, меѓудругото, се поднесува и за „повреда на секуларноста на државата“, по молитвата во Собранието за Сребреница, како и „илегална двојазичност“.

Апасиев додаде дека и сопругата на Гаши недозволиво патувала со него во Вашингтон и додаде дека станува збор за обемна интерпелација од 10 страници.

. Очекуваме во септември спикерот Гаши да ја постави оваа интерпелација на дневен ред. Стоиме на располагање со поддршка да се изгласа нов човек од редовите на нивното владеачко мнозинтво,кажа Апасиев

Можете да прочитате

Малиш Саздовска: Шумската мафија заработува огромни пари, без корупција во институциите овој криминал не може да опстои

Малиш Саздовска: Затворите наместо да ги поправат осудениците, можат да ги претворат во уште поголеми криминалци

Малиш Саздовска: Терористичките организации регрутираат млади преку интернет, повратниците од воиштата се сериозен безбедносен ризик