Утрински Весник
Македонија

Левица: Најавата на Дурмиши за нови триста вработувања е предизборна злоупотреба на ранливите категории на граѓани

Levica.jpg

Соопштение на Левица:

Задолжувањето од една милијарда со кредит не е доволно за да ги задоволи апетитите за дневен ПР и предкампањата на избраниците на власта. Оттука, циклусот на вработување пред избори, без исклучок наидува на ново повторување. Овој пат, под закрила на лицата од ранливите категории и лажна хуманост, Министерот за економија Дурмиши, најави триста нови вработувања.


За наводното подобрување на квалитетот на услугите на лицата од ранливите категории, огласот ќе биде објавен на почетокот од месец август, а веројатно вработувањата ќе започнат од септември, односно во месецот во којшто и започнува предизборната кампања за Локалните избори. Оваа времена рамка во најмала рака овој процес го прави политички мотивиран и слободно може да се оцени како обезбедување и задоволување на сопствената партиската војска.

Покрај тоа што се очекува вработувањата да се случат непосредно пред локалните избори, Владата на чело со Мицкоски и Министерството за економија иако најавија ангажман од 18 месеци, обезбедиле средства за плати на овие луѓе од само шест месеци. За Дурмиши и власта ова не е проблем, бидејќи остатокот од трошоците тие го префрлаат на товар на единиците за локална самоуправа.

Овој потег на власта Левица децидно го оценува како предизборно вработување од времен карактер. Сметаме дека наместо конкретна помош, лицата од ранливите категории максимално што ќе добијат е времено ограничена поддршка без измерливост на квалитетот на услугите. Наместо времено-париски вработувања, ранливите категории на граѓани имаат потреба од концепиран државен систем, којшто им обезбедува постојана поддршка согласно нивните потреби.

Можете да прочитате

Словенија и Франција ѝ нудат на Македонија 100 пожарникари за помош во гаснењето пожари

УХМР најавува освежување, но и предупреди на опасност

Македонец херој во авион: Спречил терористички напад, патникот извикувал „Алах Акбар” (ВИДЕО)