Утрински Весник
Македонија

Пожар во близина на социјалните згради во Нова Битола

Pozar kriva palnka.jpg

Синоќа во Нова Битола изби пожар при што гореше сува трева и паркова површина во близина на станбените згради познати меѓу жителите како „социјални згради“. Настанот предизвика вознемиреност кај граѓаните, бидејќи огнот се приближи до населената зона.

Според информациите од Територијалната противпожарна единица – Битола, веднаш по пријавата од локалното население, интервенирале противпожарни екипи на терен.


– Гори сува трева во непосредна близина на станбените згради што се наоѓаат над улицата Игњат Атанасовски. Станува збор за делот што битолчани го знаат како „социјални згради“. На терен се распоредени две екипи кои го гаснат пожарот и го контролираат проширувањето. Огнот е дополнително разгорен од силниот ветер што вечерва дува во Битола. Нема сомнеж дека пожарот е подметнат, вели командирот, Христијан Тодоровски.

Пожарот бил видлив од повеќе делови на градот, а поради неговата близина до живеалишта, дополнително ја зголемил загриженоста меѓу жителите на Нова Битола

Можете да прочитате

Мицкоски: Македонците во Албанија се нераскинлив дел од нашето национално ткиво

Почнува јавна расправа по нацрт-текстот на Националната стратегија за развој на културата за 2026 – 2030

ВМРО-ДПМНЕ: Ги слуша ли Филипче реакциите од народот или е зафатен со фантазирање?